Советот на општина Радовиш денес го одржа продолжението на 6 седница на која се работеше со 8 останати точки од дневниот ред. На оваа продолжение од седницата беше разгледан Извештајот за состојбата во областа на јавниот ред и мир и безбедноста на сообраќајот на подрачјето на ПС Радовиш, беше разгледан Годишниот извештај на ЈП Плаваја за реализација на програмата за одржување на гробиштата во Радовиш. Исто така беа разгледани Предлог-одлуки за давање согласност на Годишниот план за вработување во ООУ „Орце Николов“ и ООУ „Кирил и Методиј“. На оваа седница исто така беа разгледани и усвоени Извештаите од работните тела на Советот на општина Радовиш. Oпштина Радовиш Post navigation ФК ПЛАЧКОВИЦА СО ПОБЕДА ПРОТИВ ФК ОСОГОВО РАДОВИШ ДОМАЌИН НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО ГИМНАСТИКА