Во една пријатна атмосфера, присутните имаа можност да го проследат приказот на темата во драмската изведба на комедијата „Мрзливата снаа и метлата“, подготвена од учениците под менторство на проф. Елена Н. Стефанова, и музички соработник проф. Тодор Стефанов. „Постоењето на нашето училиште се стреми кон секојдневна борба за знаење и современо образование, кое се трудиме да им го овозможиме на нашите ученици, со цел да ги подготвиме за вистински личности за иднината која им следи.“ – изјави директорот на училиштето, Дончо Ангелов. „Училиштето Орце Николов претставува позитивен пример за успешно и функционално работење, како училиште кое е распространето со подрачни паралелки во повеќе населени места. Честитки до учениците кои достојно го претставуваат училиштето и постигнуваат значајни успеси на општинските, регионалните и државните натпревари. Општина Радовиш и понатаму ќе продолжи да дава поддршка за унапредување на образовниот процес и развојот на младите“ – истакна Градоначалникот Љупче Почивалец. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Иницијален состанок со директорот на Управата за животна средина Игор Никоски во рамки на проектот ADAPT 2.0 Отворени работни позиции за вработување во Рудникот Бучим