Синоќа во Срц „25 мај“ во Радовиш се одигра финалето во Купот на Македонија во Футсал. КМФ Форца успеа во драматичен меч да слави со 5:4 против тимот на КМФ Осогово и со тоа да го освои пехарот на Фудбалската федерација на Македонија. Стрелци за головите за Форца беа Левеска со два погодоци, Зекири, Исмаили и Јонузи по еден погодок За Осогово головите ги постигнаа Ристовски и Станојковски со по два погодоци. Пехарот и медалите за најдобрите беа доделени од страна на Секретарот на општина Радовиш, Љупче Почивалец. Post navigation Двајца наши млади ракометари на списокот на селекторот на младинската ракометна машка селекција ОТВОРЕН ПОВИК ЗА МЛАДИ УМЕТНИЦИ (11–18 години)!