МУСЛИМАНИТЕ УТРЕ ГО СЛАВАТ КУРБАН БАЈРАМ

Муслиманите во земјава утре го слават големиот верски празник Курбан Бајрам. Според Куранот ова е празник на солидарноста, кога курбанот се раздава на немоќните и сиромашните.

По утринската молитва на верниците го почнуваат три дневното славење каде се одбележува со симоблично давање на курбан. Курбан Бајрам е петтиот темел на силамот доказ на солидарноста и благосостојбата. Со овој празник се крунисува аџилакот.

Курбан Бајрам секогаш паѓа во ист ден според исламскиот календар, но според грегоријанскиот календар датумот е различен од година во година бидејќи исламскиот каледнар е месечев календар а грегоријанскиот каледнар е сончев календар. Месечевиот календар е приблиќно 11 дена пократок од сончевиот календар. Секоја година, Курбан Бајрам (како и другите исламски празници) се празнува на една од две различни грегоријански дати во различни делови од светот.

 

Денешниот ден е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед

Честитки од редакцијата на RadovisNews

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

Related Articles

Временска прогноза