ПОНИЖУВАЧКО ЗА ГРАЃАНИТЕ НА РАДОВИШ. ПЕТ ГОДИНИ СТЕВО ПЕНДАРОВКИ НЕ НАЈДЕ ВРЕМЕ И ДОБЛЕСТ ДА ДОЈДЕ ВО РАДОВИШ И ДА ГИ ВИДИ ЛУЃЕТО КОИ СЕ БЕДЕМОТ НА МАКЕДОНШТИНАТА, И СИГУРНО НЕЗНАЕ КОЈА Е РАЗЛИКАТА ПОМЕЃУ РАДОВИШ И ПРОБИШТИП…


Почитувани сограѓани на Општина Радовиш

Не е ова вообичаен начин на комуникација со Вас, но  нажалост не се  нормални времињата во кои живееме.

Имено вчера на ден 20.04.2024 година добив информација дека во центарот на градот се одржува ненајвен политички собир.

Бидејќи државната администрација не работи во сабота, јас лично отидов до организаторот СДС да прашам до кога на шверцерски и незаконски начин имат намера да ја уништуват државата. И на мое големо изнендување го затекнав Стево Пендаровски како и објаснува на насобраните дека не го познава градоначалникот на Радовиш.

Замислете претседател на држава кој не познава тројца градоначалници а дошол незаконски во мојот град да  држи политички собир.

Неодговрно, безобразно,понижувачко за граѓаните на Радовиш. Пет години Стево Пендаровки не најде време и доблест да дојде во Радовиш и да ги види луѓето кои се бедемот на македонштината, и сигурно незнае која е разликата помеѓу Радовиш и Пробиштип.

Затоа Стево нема што да бараш во Радовиш, овде луѓето се Мекедонци и си ја сакаат државата. Слободоумен Радовиш ке избере претседател кој ќе ги застапува неговите интереси и интересите на република Македонија а тоа е професор Гордана Силјановска Давкова.

Не за Стево Пендаровски, НЕ за СДСМ

 

Се вели во соопштението на Градоначалник на општина Радовиш, Ацо Ристов

 

 


 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

Related Articles

Временска прогноза