ГРАДОТ РАДОВИШ ВО ОСМАНЛИСКО ВРЕМЕ

На југоисток од Македонија се наоѓа Радовиш град во кој ќе се сретнете со споменици од Османлиското време, од десетината споменици од Османлиско време, останале само едно минаре и во негова близина уште еден објект за кој се вели дека претставува турбе.

Според патописот на Евлија Челебија, за време на патувањето од Охрид кон Истанбул, во 1662 година наминал во Радовиш и запишал дека регионот е погоден за одмор и лов.

Исто така има Сведоштва за РадовишОбјавено во цариградскиот весник Новини од 4 јуни 1891 година“.

Се вели дека градот во кој во заедништво живееле христијани и муслимани, се состоел од пет маала, пет џамии и три анови.

Излевањето на Радовишка река било причина градот неколкупати да биде поплавен, а најголемата поплава според одредени црковни записи се случила во 1774 година. Во поплавата предизвикана е штета на 104 куќи и била причина градот да се „пресели” на локација на која се наоѓа и денеска.

Според последниот попис на населението направен во 2002 година, во градот живеат 28.000 луѓе, од кои околу 4.000 по етничка припадност се Турци.

Во околината на градот сѐ уште опстојуваат села со имиња кои потекнуваат уште од 16-от век, во кои живеат Турците Јуруци. Некои од нив се селата Супурге, Аликоч, Коџали, Кошели, во кои Јуруците и денеска живеат според своите обичаи.

 

Во Радовиш, од десетината споменици од Османлиско време, останале само едно минаре и во негова близина уште еден објект за кој се вели дека претставува турбе.

Објектот за кој се вели дека потекнува од 1390 година, според некои претставува турбе, според други тоа било библиотека. За минарето кое се наоѓа покрај објектот се зборува дека потекнува од 1400 година.

Иако повеќепати било предмет на заштита на овие историски објекти, со што би се збогатило културното богатство на градот, за жал сведоци сме дека со секој изминат ден овие објекти се на патот кон нивно целосно исчезнување. 

Related Articles

Временска прогноза