„АТЕШ ОГЛУ“ -Победници на турнирот „Тополница 2019“

ЗАВРШИ ТРАДИЦИОНАЛНИОТ ТУРНИР „ТОПОЛНИЦА 2019“

Со финалните натпревари вчера заврши Традиционалниот турнир во мал фудбал „Тополница 2019“, кој секоја година се организира по повод празникот Курбан бајрам.

Синоќа најпрвин беше одигран натпреварот за трето и четврто место каде што се сретнаа екипите „Гама Градба“ и „Бако Транс“. Подобра беше екипата на „Бако Транс“ кој после продолженијата успеа да го освои третото место со резултат 6-5.

Гама Градба Бако Транс“ 6-5


Пред почетокот на финалето беше одигран ревијален натпревар помеѓу екипите на ФК Картал од Тополница и ФК Бунарџик од Бучим, подобра беше екипата на ФК Картал која забележа победа со резултат 3-2.

Во финалето од овогодишниот турнир во мал фудбал „Тополница 2019“, посетителите можеа да проследат еден прекрасен натпревар помеѓу екипите на „Атеш Оглу“ од Тополница и екипата на „Он Бак“ од Неготино.

Подобра во финалниот натпревар беше екипата на Атеш Оглу“ од Тополница, која постигна три погодоци

Атеш Оглу“ Тополница Он БакНеготино 3-1

Од страна на организаторот беа доделени наградите за најуспешните екипи, а исто така беа доделени и други награди: Најдобар стрелец на турнирот беше прогласен Мартин Ташев од екипата на „Бако Транс“ од Штип, Играч на турнирот беше прогласен Горан Кочевски од „Атеш Оглу“ од Тополница, за најдобар голман беше прогласен Винето Шабанов од „Он Бак“ од Неготино.

Овој традиционален турнир „Тополница 2019“ беше под покровителство на општина Радовиш, а организиран од ФК Бучим и ФК Картал од Тополница.

 








 






 

 



 




 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза