ОДРЖАНА СВЕЧЕНА ПРОСЛАВА ПО ПОВОД „ДЕНОТ НА ТУРСКАТА НАСТАВА ВО МАКЕДОНИЈА“

По повод  „Денот на турската настава во Македонија“  во Центарот за Култура „Ацо Караманов“ во Радовиш, беше одржана свечена прослава, која беше организирана од Здружението на турците од источна Македонија и  ООУ „Крсте П. Мисирков“ од Радовиш.

Не е случајно што токму ООУ„Крсте П.Мисирков“ Радовиш веќе долги години е домаќин на овие свечености, бидејќи во ова училиште веќе долги години покрај македонскиот се држи настава и на турски јазик.  На свеченоста покрај многубројната публика беа присутни гости и претставници од повеќе институции од општината, државата и високи делегации и гости од Турција.

На свеченоста освен учениците од ООУ„Крсте П. Мисирков“-Радовиш, кои настапуваа со хорот на училиштето, свои настапи имаа и  групи составени од ученици од подрачните училишта, а на крајот беше одржан концерт.

Настава на турски јазик во Македонија  се изведува од далечната 1944 година. Со измените на законот за празници на Македонија – 21 декември е прогласен за ден на настава на турски јазик како празник за припадниците на турската заедница во Македонија. Со овој закон Турците во Македонија за прв пат слават свој национален празник.

 






 








 


 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза