Малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 0,50 денари/литар во однос на малопродажните цени утврдени со Одлуката од 23.03.2020 година и изнесува 46,00 ден/лит за ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 35,00 ден/лит.
Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,153 ден/кг и ќе изнесува 18,891 ден/кг.
Од синоќа цените на нафтените деривати изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 48,50 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС -98 50,50 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 46,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 35,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 18,891 (денари/килограм)