На 27.04.2020 година во 17.50 часот на улица „Шаин маале“ во Радовиш се случила сообракајна незгода во која Д.М. (36) од Радовиш, управувајќи мопед „јонвај“, со радовишки регистерски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Д.М., кој е пренесен на лекување во Клинички центар Штип, а увид на местото на незгодата извршила екипа на Одделението за внатрешни работи Радовиш.