ПРВИ СЕПТЕМВРИ НА ПРВИ ОКТОМВРИ-Почнува учебната година за учениците, некои онлајн, некои во училиште, а трети пред ТВ екраните

Учебната година за учениците започнува денес, некои онлајн, некои во училиште, а трети пред ТВ екраните

Учебната година за 270 илјади ученици и средношколци започнува денес, коронавирусот и пандемијата предизвика многу неизвесности во однос на спроведувањето на наставата за учениците. Дел од учениците денеска ќе бидат во училниците, на два метри од своите другарчиња, а најголемиот дел дома, пред компјутер на онлајн настава или пред телевизор. Тестот на Националната платформа за учење на далечина беше сосема неуспешен.

Професорите од ФИНКИ и претставниците на Министерството за образование кој креирааа платформа уверуваат дека слабостите на платформата се отстрануваат и дека сѐ ќе биде во ред, Министерката Царовска очекува дека најголем дел од учениците и наставниците денеска без проблеми ќе може да се приклучат на делот „Мајкрософт тимс“ каде што се креирани часови по одделенија и дека наставата ќе почне со двонасочна комуникација. Оваа апликација на „Мајкрософт“ поактивно ќе се користи додека се надминат слабостите со платформата која на моменти на пад не може да отвори одредени функционалности, кога во исто време се приклучени голем број наставници и ученици, рече Царовска.

„Важно е образовниот процес да стартува, а ресурсите со кои располагаме се тие. Ние за три недели направивме децениски скок во дигитализација на образованието во државата. Она што го имаме, со тоа располагаме, ова е огромна лекција зошто треба да се инвестира тековно и неодложно во образованието“, изјави вчера Царовска по реакциите во јавноста за проблемот со функционирањето на платформата.

Платформата треба да ја користат 270 илјади корисници, ученици и наставници. За време на тест периодот се најавиле 160 илјади. Настава со физичко присуство на учениците и наставниците и почитување на здравствените протоколи ќе се одвива главно по подрачаните училишта кои имаат помалку ученици. Околу 600 основни и средни училишта добиле дозвола наставата да ја почнат со присуство на учениците, а барања поднеле над 860 училишта.  Одобренијата Комисијата за заразни болести ќе ги ажурира месечно во зависност од епидемилошката состојба.

Македонската радио-телевизија ќе реализира пренос на настава за околу 40 илјади ученици кои немаат соодветни ИТ-уреди. Часовите за секој наставен предмет ќе бидат опфатени во 15-минутни видеа и во распореди што ги утврди Бирото за развој на образованието за учениците од прво до деветто одделение. Почетокот на ТВ-наставата ќе биде секој ден во 8.30 часот.  За овие ученици исто така се предвидени и печатени материјали кои наставниците ќе им ги доставуваат на родителите.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза