МОЖНОСТ ЗА ЗАПОЧНУВАЊЕ ОРГАНИЗАЦИЈА НА СВАДБИ И ПРОСЛАВИ НА ОТВОРЕНО?

Министерството за здравство соопшти дека пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи и затоа комисијата ги предложила олабавувањата. Предлогот треба најапрвин да биде одобрен од Главниот координативен кризен штаб, па од Владата.

Олабавување на рестриктивните мерките предложи Комисијата за заразни болести, а сега предлогот ќе се достави до Главниот координативен кризен штаб, по што последниот збор го има Владата. Од Министерството за здравство соопштија дека пандемијата стивнува и од недела во недела се намалува бројот на активни случаи и затоа комисијата ги предложила олабавувањата.

Се препорачува од 1 јуни, заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не моиже да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни. Да престане да важи забраната за групирање на отворено. При групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски.

Да се дозволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50 отсто исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде 6.

Да има се дозволи на угостителските објекти да примаат по 6 гости на една маса, додека сите останати рестрикции за нив остануваат на сила. Полицискиот час останува на сила.

Во текот на оваа и следната недела, Комисијата за заразни болести во соработка со организаторите на настани ќе работи на прецизирање на протоколите за одржување на настани и концерти на отворено, а по 15 јуни според договорените протоколи ќе бидат дозволена и организација на ваков тип настани.

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


 

 

 

 


 

 

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза