БЕСТФУД СО НОВИ ИНВЕСТИЦИИ: ПРОЕКТ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА И ПОТТИКНУВАЊЕ ЕНЕРГЕТСКА ЕФИКАСНОСТ

Бестфуд е компаниja коja секогаш инвестира во нови производствени капацитети. Заедно со Млекара Ѓоргиеви се успешни компании кои имаaт  голема бројка на вработени наши сограѓани, и ангажирани кооперанти. 

Инвестираме во нови проекти, во време кога разочарувањето и безнадежноста што владеат ги одвраќа компаниите од инвестирање. Инвестираме бидејќи немаме алтернативна локација за живеење. Со оваа нова инвестиција и проект се движиме во насока на поттикнување енергетска ефикасност и заштита на животната средина. Горди сме на нашата компанија и на новите вложувања во проекти кои се наменети за заштита на животната средина. Особено што овие инвестиции се во насока на намалување на загадувањето и поттикнување енергетска ефикасност. Новиот склад, освен готови производи истовремено ќе има и функција на фотонапонска централа која произведува електрична енергија од сонцето и од одблесокот на светлината. Да одиме чекор напред заедно, и да обезбедиме подобри услови, професионалност и практичност за сите нас –истакна Крсте Ѓоргиев, сопственик на компанијата „Бестфуд“ Радовиш.

На денешната монтажа на оваа соларна централа присуствуваше и кандидатот за Градоначалник Ацо Ристов кој е електро инженер и ги проследи работите и монтирањето на елементите. Тој најави субвенционирање на радовишките домаќинства за инсталирање на сончеви колектори ако ја добие довербата во вториот круг на овие локални избори.

Ги поздравуваме одлуките на сопствениците од оваа компанија кои решија да инвестираат во сончева централа и се вклучат во проектот „Независен енергетски град Радовиш“, кој ние го поддржуваме, и сите други проекти кои се за доброто на граѓаните. Оваа се пинонерски чекори до крајната цел секое домаќинство да инвестира и добие субвенции за инсталирање сончеви колектори, бидејки се наоѓаме пред светска енергетска криза, но тоа треба да го издржиме и со овој проект им помогнеме на граѓаните – истакна кандидатот за градоначалник Ацо Ристов. 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза