УМЕРЕНО ДО ЗНАЧИТЕЛНО ОБЛАЧНО И ПОСВЕЖО ВРЕМЕ

Времето денеска ќе биде умерено до значително облачно и посвежо, по котлините со појава на магла. Ќе дува умерен ветер од југоисточен правец, поизразен вдолж Повардарието. Во југоисточните делови претпладне ќе има услови за појава на краткотраен дожд.

Во следните денови времето ќе биде умерено до значително облачно, претпладне по котлините со појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец, најизразен во текот на денешниот ден. Утринските температури ќе бидат пониски понекаде ќе бидат некој степен под нулата.


Прогноза за 12.11.2021
Минимална температура: -2°C до 4°C

Максимална температура: 11°C до 17°C

Претпладне по одделни котлини со услови за појава на магла, а прреку денот претежно сончево со мала до умерена облачност.

Прогноза за 13.11.2021

Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 11°C до 18°C

Сончево со мала до умерена облачност, претпладне по одделни котлини со услови за појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Прогноза за 14.11.2021

Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 10°C до 18°C

Сончево со мала до умерена облачност, наутро по одделни котлини со услови за појава на магла. Ќе дува слаб вдолж Повардарието југоисточен ветер.

 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза