БИБЛИОТЕКАТА „БРАЌА МИЛАДИНОВЦИ“ ОД РАДОВИШ ДЕНЕС СО КРЕАТИВНИ РАБОТИЛНИЦИ И И ПРОМОЦИЈА НА КНИГИ СЕ ВКЛУЧИ ВО ОДБЕЛЕЖУВАЊЕТО НА 2-РИ АПРИЛ – СВЕТСКИОТ ДЕН НА ЛИТАРАТУРА ЗА ДЕЦА

Библиотеката „Браќа Миладиновци“ од Радовиш денес со креативни работилници и промоција на книги се вклучи во одбележувањето на 2-ри април – Светскиот ден на литаратура за деца. Овој празник се одбележува од 1967 година, а воспоставен е во чест на роденденот на славниот дански книжевник и еден од најголемите писатели за деца Ханс Кристијан Андерсен (1805 – 1875).

Денешниот настан беше збогатен со промоција на четири детски книги од авторот Златко Жоглев од Битола – редовен професор на Педагошкиот факултет при Универзитетот ,,Св. ,,Климент Охридски” – Битола. Промотори беа: Даниела Андоновска – Трајковска, редовен професор на Педагошки факултет во Битола и Гордана Стојаноска – вонреден професор на Педагошки факултет во Битола.

Одбележувањето на Светскиот ден на книгата и Денот на шегата, библиотеката го организираше во соработка со Образовниот центар ,,Едуко“ од Радовиш со учесници на промоцијата на книгите и креативна работилница.

Библиотека „Браќа Миладиновци“ Радовиш

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


About the author /


Related Articles

Временска прогноза