Фолклорниот ансамбл,,Злевски бисери,, од с.Злеово помина 2000 километри за да учествува на меѓународниот фолклорен фестивал кој се одржа од 9-12 Септември во градот Газиантепе, Република Турција.
На овој фестивал покрај домаќините учество зедоа уште 7 странски ансамбли: Македонија, Албанија, Кипар, Молдавија, Индија, Грузија, Киргистан.
Со својата програма ансамблот докажа дека може да настапува и пред многубројна публика како што беше секоја фестивалска вечер во Газиантепе.
Од овој фестивал се враќаме исполнети со нови искуства,доживувања и нови договори за нови фестивали.А во овој случај исто така јавна благодарност и до членот на советот на Општина Радовиш, Енис Омер кој како преведувач и водич многу ни помогна во ова наше учество – информираа од Злевски бисери
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови