НАДОПОЛНУВАЊЕ НА СИСТЕМОТ ЗА ГРЕЕЊЕ ВО ООУ „КРСТЕ П. МИСИРКОВ“ – ВО СЕКОЈА УЧИЛИНИЦА ВГРАДЕНИ ИНВЕРТЕР КЛИМИ

ООУ „Крсте П. Мисирков“ го надополнување на системот за греење – во секоја училиница вградени инвертер клими

„Денес започнуваме со реализација на еден современ проект кој подразбира надополнување на системот за греење.

Во секоја училишна просторија се вградени инвертер клими кои ќе ја надополнуваат топлината во зимскиот период . Воедно засекогаш ќе го решиме проблемот со топлината во потоплите месеци земајќи во предвид дека најголем број училници се изложени на сончева страна.

Ова се надоврзува со проектот на општина Радовиш во кој е вклучено нашето училиште за постигнување фотоволтаични панели за самостојно произведување на електрична енергија. Со гордост може да кажеме дека ООУ.Крсте Петков Мисирков добива прекрасни и современи услови за работа за ефикасна реализација на воспитно образовниот процес.“ – се вели во информацијата од ООУ „Крсте П. Мисирков“.


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза