ОДРЖАНА ПОЕТСКАТА МАНИФЕСТАЦИЈА „ПРОЛЕТ НА СРЕБРЕНИТЕ СОНИШТА“

По шести пат се одржа Поетската манифестација „Пролет на сребрените соништа“. Завршниот настан се одржа денес во ЦК „Ацо Караманов”со свеченото доделување на наградите по распишаниот конкурс.

Манифестацијата ги собира најдобрите млади поети од Македонија и регионот, кои со свои лични творби учествуваа на конкурсот „Соѕвездие од пролетни соништа”.

Вчера беше свеченото отварање на манифестацијата, а потоа беше одрржано еднодневно советување „Талентираните и надарени деца-предизвик за современото воспитание и образование“ кое беше во организација на Факултетот за Образовни Науки при УГД од Штип, Сојуз за грижа и воспитување на деца на Македонија и „Просветно дело“ Скопје.

„Пролет на сребрените соништа“ е во организација на Сојузот за грижи и воспитување на децата на Македонија, Здружението на граѓани „Невена за тебе, за мене , за нас“
во соработка со Просветно дело и Општина Радовиш.

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

About the author /


Related Articles

Временска прогноза