УСПЕШНО ОРГАНИЗИРАНА „СИМУЛАЦИЈА НА СООБРAЌАЊА НЕСРЕЌА“ ПО ПОВОД СВЕТСКИ ДЕН НА ПРВАТА ПОМОШ

Секој ден стотици луѓе го губат животот поради несоодветна и навремена прва помош, затоа од клучна важност е знаењето за укажување ПРВА ПОМОШ.
Под мотото „Првата помош достапна за сите! Првата помош во дигителниот свет“ Општинската организација на Црвен крст Радовиш во соработка со ОВР Радовиш, ТППЕ Радовиш и ЈЗУ „Здравствен дом“ Радовиш организираа настан, симулација на сообраќајна несреќа, во која учество земаа едно возило, еден електричен тротинет и пешак (4 лица беа повредени).
Со организација на вакви показни вежби сакаме да ја подигнеме јавната свест за сообраќајните несреќи и повреди, да ги охрабриме луѓето од сите возрасти да научат прва помош за да имаат вештини и самодоверба за да го препознаат и соодветно да реагираат при итните ситуации во случај на сообраќајна несреќа.
ОО Црвен Крст

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови за користење

About the author /


Related Articles

Временска прогноза