ДЕЛЕГАЦИЈАТА НА ЕУ ВО СКОПЈЕ ВО ПОСЕТА НА ХРВАТСКА, Градоначалникот Ристов дел од оваа делегација

Градоначалникот Ацо Ристов беше дел од официјалната делегација на Република Македонија во посетата на пријателската Република Хрватска организирана од Европската канцеларија на делегацијата на ЕУ во Скопје.

Целта на посетата беше да се разменат и добијат нови искуства во организацијата на државната администрација во делот на регионалниот развој и децентрализација.

Република Хрватска е лидер во искористеноста на ЕУ фондовите пред влезот во ЕУ, и затоа сите вакви средби се добра прилика да се осознае и покрене процес на промени во системот на Рапублика Македонија како би се откочил процесот на децентрализација кој е еден од основните двигатели на развојот со Европската Унија.


 



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

About the author /


Related Articles

Временска прогноза