АПАСИЕВ ОД ГРАДОТ НА РАЦИН: ОД ТУКА ТРГНУВАМЕ, ТРГНУВАМЕ ЗА ДА НЕ ЗАСТАНЕМЕ И ДА ГИ ИСТЕРАМЕ КАКО ЦРВ ОД ЈАБОЛКО


 

Вчера и официјално Левица ја започна кампањата за парламентарните избори од Велес, градот на Кочо Рацин, Панко Брашнаров, Гемиџиите, Ганчо Хаџи Панзов. Во присуство на огромен број на граѓани, претседателот на Левица, Димитар Апасиев заедно со претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска и носителот во ИЕ 3, Борислав Крмов се обратија пред велешани.

На митингот во Велес најпрво се обрати претседателскиот кандидат на Левица, проф. д-р Билјана Ванковска, која порача дека е блиску до влегување во втор круг на претседателските избори.

„Голема возбуда е да се биде овде. Доаѓам од спомен куќата на Кочо Рацин, а овде туку што ги слушав и неговите стихови. Пред самиот почеток на овој митин додека си разговаравме со Димитар Апасиев тој рече „Нема револуција без поезија“. И вистина е така, а Велес е вистински пример за тоа” – Порача Ванковска и притоа додаде:

„Посакувам да го изодиме овој пат борбено, чесно и доследно. Она што нас не’ разликува од оние што трчаат на кратки патеки е тоа што ние трчаме маратон. Нас не’ не задоволува фотелја и позиција. Ние имаме кауза“

Во продолжение, носителот на ИЕ 3 – Борислав Крмов говореше пред велешани и истакна дека тој е единствениот носител кој го претставува обичниот, работниот македонски народ, за разлика од неговите противкандидати Сања Лукаревска и Драган Ковачки кои се олицетворение на олигархијата, експлоатацијата на народот и лицемерието.

На крај претседателот на Левица – Димитар Апасиев со својот моќен и емотивен говор го означи почетокот на кампањата и порача:

„Левица оди над 120.000 гласови на овие избори и целосна пасокизација на СДС. На овие избори одиме на двоцифрен број на пратеници, а на наредните СДС мора да падне под 10 пратеници и да исчезне, а Левица ќе има над 30 пратеници. Е тогаш ќе започне вистинската битка помеѓу левицата и десницата и ќе се пресметаме со лавчињата кои мјаучат пред и молчат пред УЧКите.

 

 

 


 

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

Related Articles

Временска прогноза