Дали ви е познато дека во исхраната на човекот зелката е воведена уште во предисторискиот период? Археолозите потврдуваат дека зелката се употребувала уште во каменото и бронзеното доба. Ја одгледувале древните Египјани, Грци, но и Римјаните. Ним им биле познати мал број сорти на зелка, додека денес зелката се употребува во целиот свет, а се познати стотици различни видови. Патем, интересно е да се спомене дека кинезите сметаат дека тајната на младоста на нивниот народ ја креира токму обичната зелката.
Белата зелка која кај нас најмногу се употребува има голем број на „роднини“, меѓу кои спаѓаат и црвената зелка, карфиолот, прокељот, келерабата, брокулата. Сите тие имаат неверојатно добри хранливи особини и се многу ценети во исхраната на човекот. Хранливата вредност на зелката е резултат на нејзиниот состав, кој е различен кај различните сорти на зелка. Сепак, во просек може да се земе дека минималмната енергетска вредност на зелката е само 24 kcal на 100 грама.
Хемиски состав
Хемиската анализа на зелката покажала дека таа содржи шеќери, минерали, диетални влакна, масти, ензимите и различни витамини. Подолу во табелата е дадена составот на 100 g зелка обична бела зелка.
Вода 90 г / B1 0,03 мг / Белковини 1,5 / B2 0,04 мг / Масти 0,1 г / B3 0,7 мг Шеќери 7г
B9 10 μg / Диетални влакна 1 г / C 45 мг / Пектини 0,5 / E 0,06 мг / Органски киселини 0,3 г
Во зелката исто така се присутни и некои важни макроелементи (калиум, калциум, магнезиум, натриум, фосфор), но и некои микроелементи (железо, јод, кобалт, манган, бакар, молибден, флуор, цинк). Поред овие микро и макроелементи, зелката е многу богата и со антиоксиданти, а содржи и уште еден, за многумина непознат витамин. Станува збор за витаминот У (метилметионин) за кого ќе стане збор малку подолу. Антиоксидантитие присутни во зелката го намалуваат „лошиот“ холестерол во крвта и го штитат организмот од некои форми на рак.
Запомнете: зелката е одличен извор на природениот антиоксидант, витаминот Ц. Така, 100 g сирова зелка содржи 60% од дневната потреба на организмот од витамин Ц. Она што можеби не ви е познато е дека внатрешните листови од зелката содржат повеќе витамин Ц отколку надворешните листови, а најмногу го има во кочанот на зелката.
Лековити својства
Листовите на зелката содржат биолошко активни компоненти кои ги прават ефективни во профилактиката на лекување на многу болести. Познато е дека зелката ја стимулира работата на бубрезите, штитовидната жлезда и е способна да ги изнесува отровите од организмот, а се применува и во профилактиката на онколошките заболувања. Диеталните влакна присутни во зелката ја подобруваат работата на органите за варење, помагаат при запек, подуеност на стомакот и имаат особина да го изнесуваат холестеролот од организмот.
Можеби не сте слушнале за витаминот У, кој го споменавме погоре и кој е присутен во зелката. Всушност, не станува збор за витамин во вистинската смисла на зборот. Се работи за ензим кој се наоѓа во сокот од зелката и се применува при лечење на разни видови заболувања на желудникот, па овој израз „витамин“ широко се употребува. Она што е важно е дека овој „витамин“ ја подобрува работата на црниот дроб и слезината.
Сокот од листот на зелката е познат во народната медицина, и често се применува при зараснување на гнојни рани и чиреви. Тој поседува антисептички против-воспалителни својства, има особина да го намалува шеќерот во крвта, го отстранува вишокот течности од желудникот и е многу ефикасен во борбата со запекот. Сокот од зелка измешан со прополис, на промер, ги ублажува, дури и отстранува болките настанати од чир во желудникот, ја прекратува потребата за повраќање, и помага при запек. Вообичаената доза е ½ – 1 чаша сок од зелка со прополис и тоа 4 пати во денот, 45 минути пред секој оброк. Ако не сте знаеле, сокот од зелка е и одлично природно козметичко стредство. Плакнењето на кожата со сокот од зелка ја подмладува кожата, а може да се употребува и при приготвување на различни маски за лице. Едноставно кажано, зелката е природен лек. Меѓутоа, како и секој друг лек, и таа има контраиндикации.
Контраиндикации
Внимателно со зелката. Ова важи за лица со следните заболувања: панкреатитис, ентероколитис, зголемена киселост во желудникот, за оние кои имаат тенденција кон грчеви во цревата и жолчните канали. Ним им е забранета употребата на зелката како храна. Луѓето кај кои е нарушена работата на штитовидната жлезда, треба внимателно да консумираат зелка затоа што зелката, броколите, па и спанаќот, содржат материи кои предизвикуваат раст на туморот на оваа жлезда.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови