Бугарија во четвртокот доби зелено светло од лидерите на Европската унија за воведување на еврото како официјална валута, почнувајќи од 1 јануари 2026 година. Лидерите, собрани на самит на ЕУ во Брисел, ја одобрија препораката на Европската комисија Бугарија да стане 21-та членка на еврозоната. Балканската земја е членка на ЕУ од 2007 година и ќе биде првата што ќе го усвои еврото откако Хрватска го направи тоа во 2023 година. Членството во еврозоната го олеснува тргувањето и патувањето. Луѓето кои се занимаваат со бизнис или сакаат да инвестираат повеќе нема да мора да се грижат за девизни курсеви. И туристите имаат корист, бидејќи нема да мора да набавуваат локална валута, што обично е поврзано со дополнителни трошоци. Европскиот парламент и Европската централна банка (ЕЦБ) сè уште треба да бидат консултирани пред министрите за финансии на ЕУ да ги направат потребните законски измени – и пред Бугарите да можат да плаќаат со евра. Но овие чекори се сметаат за формалност. Според договорите на ЕУ, сите земји-членки, освен Данска, се обврзани да ја усвојат единствената валута штом ги исполнат потребните услови. Post navigation Воведена е целосна забрана за движење во шумите и шумското земјиште Наставниците се ослободуваат од непотребните административните обврски