Во рамки на своите заложби за одржливо работење и градење на одговорно општество, рудникот Бучим реализираше несекојдневна еко-едукативна работилница во соработка со ОЈУДГ „Ацо Караманов“ – Радовиш. Под отворено небо и во весела атмосфера, на 18 јули 2025 година, дворот на градинката се претвори во зелена оаза каде најмладите – децата, заедно со своите воспитувачи и претставници од Бучим, учеа и градеа основи за поодговорна и еколошки свесна иднина. Работилницата беше насочена кон поттикнување на еколошка свест уште од најрана возраст, преку креативни и интерактивни активности – изработка на декоративни фигури од рециклирани материјали, садење цвеќиња и игри со едукативен карактер. На непосреден и забавен начин, децата се запознаа со основните принципи на заштита на природата, рециклажа и значењето на заедничко делување. „Веруваме дека долгорочната еколошка одржливост започнува со воспитување и образование уште од најрана возраст. Со вакви акции испраќаме јасна порака дека заштитата на животната средина е заедничка одговорност – на компаниите, на семејствата и на секој поединец,“ истакна Марина Санева, раководител на службата за заштита на животната средина при Боров Дол. Настанот беше овозможен благодарение на заедничкиот ангажман на тимот на Бучим и посветеноста на воспитниот кадар, што уште еднаш ја потврди силата на соработката меѓу индустријата и локалната заедница. „Ова е пример за тоа како компанијата може да биде активен чинител во градењето на одговорна генерација. Преку вклучување на вработените и заедницата, инвестираме во создавање на вредности како што се грижата, почитта и одржливоста,“ додаде Алдана Лоровски-Ристовски, заменик раководител на службата за човечки ресурси. Акцијата е дел од пошироката ESG стратегија на Бучим, која ја нагласува важноста на соработката со заедницата, едукацијата како алатка за долгорочен позитивен ефект и практикување на етичко и одговорно управување. Преку вакви иницијативи, Бучим не само што придонесува кон развој на индустријата, туку и активно вложува во подобрување на квалитетот на животот, образованието и еколошката култура на идните генерации. Одговорноста за иднината започнува денес – преку ангажман, соработка и постојана грижа за луѓето и природата. Искрена благодарност до тимот на ОЈУДГ „Ацо Караманов“ – Радовиш за топлиот прием и поддршката. Бучим останува цврсто посветен на мисијата за создавање одржлива иднина – чекор по чекор, генерација по генерација. Post navigation Започна меморијалниот турнир во мал фудбал Ињево 2025 Пет нови имиња за нашиот клуб РК Радовиш, наскоро започнува подготвителен период за Супер ракометната лига