РК Радовиш ги обновува договорите со играчите кои ќе го сочинуваат ростерот на екипата во сезоната 2024/25, веќе се потпишани и обновени со повеќе играчи кои настапија во клубот изминатата сезона, а се потпишани и договори со дел од ракометарите кои се нови имиња за нашиот клуб. Нови имиња во клубот се: Мартин Димов кој игра на позиција десно крило, левиот бек Сиљанов Филип, лев бек и лево крило Илија Табаков кои доаѓаат од РК Борец од Велес, Ацев Даниел гоман, како и Бобан Каковски кој ќе ја покрива позицијата среден бек. Од управата најавија уште неколку нови играчи кои дополнително ќе бидат објавени. Наскоро се очекува да започне подготвителен период каде се планирани и неколку контролни натпревари преку кои се планира да се формира структурата на екипата и се донесе во одлична форма пред почетокот од првенството во Супер ракометната лига. Post navigation Бучим и најмладите заедно за животната средина: Еко работилница во градинката „Ацо Караманов“ во Радовиш На територијата на државата се регистрирани вкупно 29 пожари на отворен простор