Грижата за локален одржлив развој на општината е основната алка во ланецот за постигнување успех. Во таа насока и со цел долгорочно да обезбедиме поквалитетен живот на граѓаните, започнавме со изработка на „Стратегија за Локален Одржлив Развој на општина Радовиш“. Вчера, 04.05.2022 година (Среда) со почеток во 13:00 часот во просториите на ресторан „МАГ МАРГ“ во Радовиш, се одржа Првата сесија од процесот на изработка на Стратегијата. На сесијата беше презентирана методологијата за изработка на стратегијата, а беа формирани и посебните работните групи кои ќе спроведат анализа на моменталната состојба и ќе ги идентификуваат проблемите на локално ниво. Креирањето на сеопфатна стратегија, претставува насока по која треба да се движи општина Радовиш, бидејќи располага со потенцијално богатство кое сеуште е недоволно искористено и има простор за остварување на многу успешни проекти. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ЗБРАТИМЕНИОТ ГРАД БЕЛИШЧЕ ВО РЕПУБЛИКА ХРВАТСКА ГО ПОСЕТИ ДЕЛЕГАЦИЈА ОД ОПШТИНА РАДОВИШ “ПРОЛЕТ НА СРЕБРЕНИТЕ СОНИШТА” ЛИТЕРАТУРНА МАНИФЕСТАЦИЈА ЗА ДЕЦА И МЛАДИ