Изминатиов викенд, делегација од општина Радовиш предводена од Градоначалникот на општина Радовиш, Ацо Ристов и членовите на Советот, Ванчо Ристов и Страхил Гавритов, беше во посета на збратимениот град Белишче во Република Хрватска. Повод за гостувањето беше поканата од Градоначалникот на Белишче, Г-дин Динко Бурич со цел одбележувањето на деновите на Белишче во чии склоп се одржаа повеќе протоколарни и културно-спортски активности. На 30-ти Април во Центарот за култура „Сигмунд Ромберг“ беше одржана свечена седница на Советот на град Белишче каде свое обраќање имаше Градоначалникот Ристов упатувајќи благодарност за поканата и искрени честитки кон сите граѓани за 138-от роденден на град Белишче. Општина Радовиш во Септември 2016 година со Белишче потпиша Договор за соработка и воспоставување на пријателски односи и оттогаш до денес се остварени неколку заеднички посети на делегации. Во иднина се очекува продлабочување на соработката на повеќе полиња а моментално Белишче е партнер на општина Радовиш во проектот „Зелена топлина“. Општина Радовиш Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ДЕЛЕГАЦИЈА ПРЕДВОДЕНА ОД ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНА РАДОВИШ, АЦО РИСТОВ БЕШЕ ВО ПОСЕТА НА ОПШТИНА ВЕЛИКА ПЛАНА ЗАПОЧНА ПРОЦЕСОТ НА ИЗРАБОТКА НА „СТРАТЕГИЈАТА ЗА ЛОКАЛЕН ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ОПШТИНА РАДОВИШ“