Пожар кој избувна во Радовиш во кругот на поранешен „Декортекс“, настанал во една од халите на фабрика за текстил, во која биле сместени машини и репроматеријали.

 


Министерството за внатрешни работи попладнево соопшти дека вчера во 20:08 часот во Полициската станица Радовиш е пријавено дека настанал пожар во една од халите на фабрика за текстил во Радовиш, во која биле сместени машини и репроматеријали.

По интервенција на Територијалните противпожарни единици од Радовиш и Струмица пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема.

Известен е јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш и инспектор за пожари. Извршен е увид од екипа на ОВР Радовиш.


 

 

Гаснењето на пожарот траеше повеќе од шест часа. Според информацијата од радовишките пожарникари, при гаснењето неколку пожарникари вдишале чад и се здобиле со полесни изгореници, но сите кои учествувале во гаснењето се чувствуваат добро.

Пожарот го гаснеа пожарникари од ТППЕ Радовиш, а на помош биле повикани пожарникари од Струмица, како и доброволното противпожарно друштво од Конче.

 

© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

error: Содржината е заштитена !!