Иако на одредени места сè уште има појава на чадење, активностите продолжуваат со целосно покривање на опожарената површина со земја и песок и конечно локализирање на состојбата. Приоритет останува целосно отстранување на ризикот од повторно разгорување и спречување на понатамошно ширење на чадот. Екипите ќе останат на терен сè додека не завршат сите неопходни активности. Благодарност до сите вработени, служби и оператори на механизацијата кои и за време на празникот одговорно и посветено работат во интерес на граѓаните. „Заеднички продолжуваме кон целосна санација на депонијата и подобра животна средина за сите.“ – истакна Градоначалникот Љупче Почивалец. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation МВР со детали за пожарот во Радовиш: Почнал во една од халите, нема повредени