Муслиманите во земјава го слават големиот верски празник Курбан Бајрам. Според Куранот ова е празник на солидарноста, кога курбанот се раздава на немоќните и сиромашните. По утринската молитва на верниците го почнуваат три дневното славење каде се одбележува со симоблично давање на курбан. Курбан Бајрам е петтиот темел на силамот доказ на солидарноста и благосостојбата. Со овој празник се крунисува аџилакот. Курбан Бајрам секогаш паѓа во ист ден според исламскиот календар, но според грегоријанскиот календар датумот е различен од година во година бидејќи исламскиот календар е месечев календар а грегоријанскиот каледнар е сончев календар. Месечевиот календар е приблиќно 11 дена пократок од сончевиот календар. Секоја година, Курбан Бајрам (како и другите исламски празници) се празнува на една од две различни грегоријански дати во различни делови од светот. Денешниот ден е неработен ден за граѓаните од муслиманската вероисповед Честитки од редакцијата на RadovisNews *фото Архива © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Механизацијата и екипите и денес интензивно работат на санацијата на градската депонија Советот на Општина Радовиш денеска ја одржа Итната 15-та седница