По повод денешната средба со претставници на локалната заедница, а во насока на навремено информирање, транспарентна комуникација и овозможување директен увид во сите аспекти поврзани со проектот, ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш организира отворена средба со жителите на с. Тополница. Средбата ќе се одржи утре, со почеток во 11:30 часот, во с. Тополница, и е наменета за сите заинтересирани граѓани кои сакаат директно да се информираат, да постават прашања и да добијат стручни појаснувања. На средбата ќе присуствува проф. д-р Љупчо Петковски, кој ќе биде достапен за одговори и дополнителни информации поврзани со проектот. Целта на средбата е информациите поврзани со проектот да бидат споделени јавно, точно и непосредно, преку отворен разговор со граѓаните, со цел да се избегнат недоразбирања и непроверени информации. ДПТУ „Бучим“ ДООЕЛ Радовиш останува посветен на отворен дијалог со локалното население и на транспарентно споделување информации од значење за заедницата. Покана за отворена средба со заинтересирани граѓани – МЗ Смаил Масуд с.Тополница © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Исплатени над 2 милијарди денари субвенции за тутунопроизводителите