Традицијата на палење смреков оган продолжи во Радовиш, вчера беа запалени традиционалите огнови или т.н. радовишки „Ора Копа“ по повод Прочка. Како што велат жителите се прави вечерта на Прочка, цел ден се правеа куповите од смрека и на врвот висок колец со што смрековиот куп беше подготвен и се запали синоќа. Голем број на граѓани се собраа и го прославија традиционалното палење на огнот, со музика и некоја греана ракија, ја прославија Прочка. „Прости ми, и нека ти е простено” – се славеше Прочка! Post navigation Донирани дуксери за БК Бучим-Шампиони од Конче, и мајички за членовите на КУД Конче Велигденскиот пост почнува од денес: Дали треба да се воздржуваме од мрсна храна и што всушност значи постот…