КАЛИНКА – Овошје што го запира времето…

Калинката е овошје кое уште во античко време се користело како природен лек, а и денеска холивудските ѕвезди се колнат во сокот од калинки. Откријте зошто!

Заради големиот број семки кои ги содржи во својот плод калинката уште одамна е симбол на плодноста. По потекло е од пределот што се протега од Иран до северна Индија, од кадешто старите Грци го пренеле на Медитеранот. Потоа Маврите го однеле во Шпанија кадешто станал заштитен национален симбол, а дури и градот Гранада го добил името по ова овошје (на шпански, калинка се вика гранада). Исцедениот сок од калинки се користи за изработка на традиционалниот италијански напиток: la granatina.

Ги ублажува тегобите во климаксот
Постојат три вида калинки: многу кисели и два поблаги вида што се јадат. Според виенскиот професор Хадемар Банкхофер, калинките ги ублажуваат тегобите во климакс, а добри се и за простатата. Денеска се знае дека содржат витамин Ц, витамин Б5 и калиум, а пред се, важни се и билните хормони. „Гинеколозите откриле дека една калинка на ден ги ублажува тегобите во климакс“, објаснува Банкхофер. Во калинката се содржани материи многу слични на естрогените и затоа влијаат на нивото на хормоните. Освен тоа, калинката е овошје против стареење и им помага на младите жени со хормонски проблеми. Оној што редовно јаде калинки, ќе има цврсти нокти и убава коса, а и душевното нерасположение ќе исчезне, тврдат научниците. Новите студии покажуваат и дека билните хормони на калинката го намалуваат ризикот од појава на рак на простата. Освен плодот, во лековити цели се користат и коренот, кората, лушпата и цветот.

Против паразити
Според некои автори, калинката е добра за работа на срцето додека е општоприфатен како средство против цревни паразити. Кората од коренот на калинката и кожичката во внатрешноста на плодот содржат три алкалоиди кои се отровни за цревните паразити, но во одредена доза (0,5-0,6 грама) и за човекот, па може да предизвика вртоглавица, повраќање, пролив и пречки во видот.

Богати со витамин Ц
Калинката спаѓа меѓу најстарите овошја што се користат во лековити цели. Уште од античко време важел за природен лек затоа што е утврдено дека сокот од калинки го подобрува апетитот и ја регулира работата на желудникот, одличен е против скорбут (затоа што содржи многу витамин Ц), а поттикнува и излачување на урината. Освен тоа, има силно дејство против болки и воспаленија. Во комбинација со сок од моркови и цвекло им се препорачува на трудниците затоа што содржи витамини од групата Б, железо, калиум, калциум, магнезиум, фосфор, натриум и витамин PP. Калинката има позитивно влијание на вредноста на тумор-маркерите за простата, PSA-маркери. Лекарите им препорачуваат на мажите секој ден да пијат четврт литар сок од калинки.

 

 Како лесно да исчистите калинка (видео)

Една од атракциите на есента е калинката. Ова здраво овошје е полно со витамини и е совршен освежувач на секое утро, но постојано се сретнуваме со основниот проблем – како да се исчисти бргу и без многу мака.


 


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

Related Articles

Временска прогноза