Општинската народна библиотека ,,Браќа Миладиновци”-Радовиш, како издавач, вчера ја промовираше стихозбирката под наслов ,,Искри од старото огниште” од нашиот родокраен автор Ѓорге Ѓеоргиев. Промотор на стихозбирката беше Томе Постолов, а со музичка илустрација промоцијата ја збогати Александар Ицов. Промоцијата се одржа пред многубројната публика во салата за промоции и во една позитивна и преубава атмосфера исполнета од стиховите на поезијата интерпретирана од страна на учениците: Роман Јованов, Евгенија Ристова, Вероника Костадинова, Олгица Ѓоргиева, Викторија Станкова, Јована Божинова и Диана Трајанов. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Резултати за Книжевната награда „Караманов 2024“ за Македонски автори и за Интернационална книжевна награда Фото: 6-ТО НОЕМВРИСКИ УЧИЛИШНИ СПОРТСКИ ИГРИ „КРОС-ТРКИ“