Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Радовиш и кандидатот за Градоначалник Љупче Почивалец ве покануваат на Митинг во недела со почеток од 18.00 часот во Радовиш.
Драги пријатели, браќа и сестри!
Ве покануваме на големиот народен митинг, во недела, 05 октомври со почеток од 18.00 часот пред Центарот за култура „Ацо Караманов“ во Радовиш.
На овој митинг ќе биде претставена програмата на кандидатот за Градоначалник Љупче Почивалец, и советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Твоја Македонија“.
Пред присутните ќе се обрати и претседателот на партијата Христијан Мицкоски.
Заедно, сплотени и обединети!
За твојот човек! За твоето место! За твојата иднина!
Да го направиме вистинскиот избор!
Се вели во информацијата од ОК ВМРО-ДПМНЕ Радовиш


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови



