Денес во посета на општина Радовиш беше Амбасадорот на Руската Федерација во Македонија, Неговата Екселенција Г-дин Сергеј Баздникин. На протоколарната средба со градоначалникот на општина Радовиш – Ацо Ристов, беа разменети мислења на повеќе актуелни теми, вклучувајќи ја економската состојба во државата и општината како и можнстите за соработка помеѓу наши локални компании и компании од Руската Федерација. Беше разговарано и за можностите за набавка на опрема за модерно земјоделско производство, за програмите кои би можела да ги поддржи оваа амбасада како и за бизнис капацитетите со кои располага нашата општина за кои во иднина може да биде остварена соработка и инвестиции на компании од Руската Федерација. Рускиот Амбасадор Баздникин ја посети компанијата Бестфуд и УАЗ Македонија кои се едни од најголемите извозно ориентирани компании во Радовиш. На средбата сопствениците го запознаа амбасадорот Бездникин за плановите на овие компании кои работат со руски компании и рускиот пазар, а во Македонија се застапници на брендот од руските возила УАЗ. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ЗАПОЧНУВААТ ПОДГОТОВКИТЕ ЗА „ПРОЕКТОТ НОВ ГРАДСКИ ПАЗАР“ МЕСНИТЕ ЗАЕДНИЦИ И НИВНИТЕ ПРОБЛЕМИ – ОДРЖАНА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ РИСТОВ