Манифестацијата е во организација на ” Невена за тебе, за мене за нас”, Сојузот за грижи и воспитување на ” децата на Македонија ” и “Просветно дело” АД Скопје. Како покровител на манифестацијата се јавува Градоначалникот на Општина Радовиш. Манифестацијата веќе петта година по ред, ги собира најдобрите млади автори од Македонија и регионот, кои со свои творби го продолжуваат ликот и делото на нашиот голем поет Ацо Караманов. Оваа година Манифестацијата ќе започне на 06.5. во 13 часот со промоција на книгата “Календар на детсвото” од македонскиот поет и писател Киро Донев, кој оваа година слави 80 роденден, за неговото творештво на интерактивен начин преку работилница ќе зборува проф. д-р Ана Витанова Рингачева. Вториот ден од Манифестацијата ќе се одржи во домот на културата “Ацо Караманов”, каде ќе бидат свечено доделени наградите на наградените ученици, програмата ќе продолжи со промоција и интерактивна работилница на книгата ” Тајната на сината самовила” од Весела Богдановиќ. За книгата ќе зборуваат проф д-р Лили Бошевска и м-р Матилда Бајкова. Оваа година младите поети твореја на конкурс со наслов ” Во сон од сребро ја исковав слободата”, со што всушност Манифестацијата се приклучува кон одбележувањто на Меѓународниот ден на борбата против фашизмот 9 мај. Програмата на манифестацијата ќе биде збогатена со настапи на наши ученици музички и ликовни таленти. *фото Архива Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation ЗАПОЧНА ПРОЦЕСОТ НА ИЗРАБОТКА НА „СТРАТЕГИЈАТА ЗА ЛОКАЛЕН ОДРЖЛИВ РАЗВОЈ НА ОПШТИНА РАДОВИШ“ КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА