Вчера се одржа 38 издание на „Фолк фест Валандово“ на кој учествуваа 22 композиции созададени во духот на македонската фолк музика На овој фетивал свое учество и настап имаа и нашите сограѓани Ѓорги и Столе Поцкови кои имаа одличен настап со една прекрасна музичка нумера „Крвта вода не бидува“, музика и аранжман на Љупчо Соколески а текст на Ѓорги Калајџиев. Сузана Гавазова заедно во дует со Љубчо Ѓоргиев беа победници со песната „Љубовта да расцути“ од Миле Барбаровски. Тие добија најмногу гласови од стручното жири и од публиката, со чии гласови беше избран победникот. Второто место му припадна, исто така, на дуетот Василија Петрова и Благоја Грујовски кои ја исполнија песната ,,Што си ветивме“, додека третото место го освои Смиља Митреска која ја отпеа песната „Дојди“. Чеде Спасиќ е прогласен за најдобар дебитанткој ја испеа песната „Наздрави пријателе“, а наградата за најдобра интерпретација и беше доделена на Јованка Јо која настапи со песната „Што љубов беше“. Постхумна награда за животно дело му беше доделена на Гоце Арнаудов за се што создал на македонската музичка сцена и вредноста што ја оставил зад себе, а во ревијалниот дел настапи доајенот на македонската фолк песна, Перо Христов. Post navigation Демократската партија на Турците во Македонија со нов лидер, Зулфикар Зејнула е нов претседател на оваа партија Претрес во Радовиш, пронајдена дрога, приведено едно лице