Министерството за финансии денеска изврши исплата на 2.028.714.243 денари субвенции за произведен и предаден тутун од реколта 2025 година. Средствата се наменети за 15.144 тутунопроизводители ширум државата. Со оваа исплата се потврдува определбата на Владата за континуирана и навремена поддршка на земјоделството како една од клучните стопански гранки во државата, со посебен акцент на тутунарството како стратешка и традиционално значајна земјоделска дејност. Редовната и навремена исплата на субвенциите придонесува за поголема финансиска стабилност на земјоделците, одржување на производството и создавање услови за понатамошен развој на руралните средини. Владата и Министерството за финансии остануваат посветени на спроведување политики и мерки кои ќе обезбедат поголема конкурентност на домашното земјоделство, повисоки приходи за земјоделците и одржлив развој на аграрниот сектор – информираат од МЗШВ. © RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал. Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови Post navigation Нашиот радовишанец Мајор Александар Донев ја презема должноста командант на Сквадронот за обука и тренинг во составот на воздухопловниот ВИНГ Покана за отворена средба со заинтересирани граѓани – МЗ Смаил Масуд с.Тополница