Советот на Општина Радовиш денеска ја одржа Итната 15-та седница, свикана со цел донесување на Одлука за усвојување на Општинскиот енергетски план на Општина Радовиш.

Причина за итноста е рокот утврден во дописот од Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, со кој Општина Радовиш е задолжена најдоцна до 01.06.2026 година да достави број и копија од Службен гласник во кој е објавен Општинскиот енергетски план.

Поради исполнување на законските обврски и запазување на предвидените рокови, беше потребно свикување на итна седница на Советот на Општина Радовиш.

„Од наведените причини се предлага свикување на итна седница на Советот на Општина Радовиш“, се вели во образложението за итноста, кое го претстави претседателот на Советот, Гоце Дединец

 

 

 

© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!