КАДЕТИТЕ СУПЕРИОРНИ, ФАВОРИЗИРАНИОТ РК БУТЕЛ ИЗВЛЕЧЕ БОД ОД РАДОВИШ

РК Радовиш денес во Срц „25 мај“ ја пропушти шансата трите бода да останат во Радовиш, имајки го водството до самиот крај на натпреварот, но едноставно спортската среќа и нереализираната последна акција каде што гостите во последната минута спасија бод од денешната средба.

Најефикасен кај РК Радовиш беше Ивица Илиев, кај гостите Мирко Мајиќ со по десет постигнати погодоци.

Иако бутел имаше водство на полувремето нашите ракометари се вратија во игра и реализираа се што им се даде шанса, со еден пресврт во второто полувреме за на крајот последната минута имаа и водство од два погодоци, но сепак не успеаа да го задржат.


РК РАДОВИШ – РК БУТЕЛ СКОПЈЕ  28:28(9:12)

Сала: СРЦ „25 Мај“ во Радовиш. Судии: Исмаил Металари и Ненад Николовски од Скопје. Делегат: Душко Камишевски од Скопје.

РК РАДОВИШ: Паунов, Тушев, Стојановски 1, Димов, Јованов, Ѓоргиевски 2, Долдуров, Ѓорѓиев, Постолов, Фенов, Органџиев 2, Николов 6, Ристов, Илиев 10, Трајанов, Везенковски 5.

Седмерци: 6/7. Исклучувања: 4 мин.

РК БУТЕЛ: Ацев, Даскловски, Блажески, Димов, Стојановски 2, Ѓоргиевски 2, Божиновски, Шокоски, Димовски 5, Спасовски, Мојсоски 1, Милошески 3, Печенковски 2, Василевски 1, Дрпљанин, Мајиќ 10.

Седмерци: 3/6.  Исклучувања: 6 мин.


Претходно беше одигран натпреварот од кадетското првенство, нашите млади ракометари беа супериорни совладувајки ја екипата на РК Партизан од Гевгелија.

Кадети: РК РАДОВИШ-РК ПАРТИЗАН Гевгелија 44:17 (21:7)




 





 



 



 




 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза