РК РАДОВИШ УТРЕ ВО ДЕРБИ НАТПРЕВАР ОД „PLAY OFF“ ЗАВРШНИЦАТА!

РК Радовиш утре во Срц 25 мај во Радовиш го игра дерби натпреварот од Плеј оф завршницата во Првата ракометна лига на Македонија.

Единственит конкурент за влез во Супер лигата РК Бисинов од Велес ни доаѓа во Радовиш, нашите ракометари се подготвени да дадат се од себе за реализирање на оваа значајна победа која е потребна. Пред почетокот на овој натпреавар е закажано редовното коло на нашите пионери кои од 16.00 часот ги дочекуваат гостите од РК Астраион од Струмица.

Средствата од влезниците од овој натпревар ќе бидат наменети за хуманитарни цели за помош во лекувањето на нашата сограѓанка и поранешна ракометарка Сандра.

Покана до сите љубители на ракометот и спортот во сабота да им дадеме поддршка на нашите ракометари.

 

🤾‍♂️ РК РАДОВИШ – РК БИСИНОВ
⤵️ Сабота 09.03.2024 год. Почеток 18.30 час.
🕖 Радовиш, СРЦ 25 Мај
=========================

 



Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

About the author /


Related Articles

Временска прогноза