Време е граѓаните да живеат достоинствен живот во Македонија каде што ќе има правда, успешен образовен систем, подобар здравствен систем.
После осми мај Македонија ќе биде повторно слободна и предводена од Влада на ВМРО-ДПМНЕ. А, сите оние кои што и нанесоа зло, неправда, болка, јас ви ветувам дека ќе одговараат.
Синоќа на граѓанската средба во првиот МК во Радовиш, потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата во Изборната едница 4, Александар Николоски, заедно со кандидатите за пратеници од Радовиш Гоце Дединец и Моника Трајанова, Антонио Милошоски им ги презентираа на присутните граѓани проектите од програмата на ВМРО-ДПМНЕ.
Државата е твоја и време е да си ја вратиш во свои раце! Македонија повторно твоја! Промените во твои раце! Приклучете се и бидете дел од тимот кој победува! За Претседател Гордана Силјановска Давкова за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата- истакнаа говорниците на средбата.
Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови