ЈАНА И МИМА ЕДИНСТВЕНИ ПРЕТСТАВНИЧКИ ОД МАКЕДОНИЈА ВО ФИНАЛЕТО НА ГОЛЕМ ИНТЕРНАЦИОНАЛЕН ПИЈАНО НАТПРЕВАР ВО БАРСЕЛОНА

Со бурни аплаузи во преполната сала на Victoria Music Centre беа доделени наградите на финалистите на големиот Интернационален Натпревар по Пијано кој се одржа во самото срце на Барселона во близина на Arc de Triomf. На овој престижен меѓународен пијано натпревар земаа учество и нашите успешни млади пијанистки Јана и Мима Јованови од Радовиш, кои беа единствените претставнички од Македонија. Тие со своите изведби, секоја во својата категорија, оставија посебен белег пред еминентното стручно жири, за што, покрај сертификатите за учество, добија и посебни позлатени плакети од Барселона.

“Веќе подолго време посакував да имам свој настап во Барселона и многу сум среќна што таа желба конечно ми се оствари” изјави Јана, која досега се има здобиенио со околу 40тина награди и признанија за своите успеси по пијано, меѓу кои посебно се истакнуваат наградите од Милано, Венеција, Берлин, Париз, Виена… како и шестоноемвриско признание и плакета за посебни достигнувања во културата и уметноста.

         “Би сакала што почесто да имам свои настапи во различни земји, бидејќи многу сакам да патувам и да запознавам нови градови и деца од други држави” симпатично кажа помалата сестра Мима, која претходната година го имаше нејзиниот прв голем меѓународен успех и се здоби со пехар на престижен пијано натпревар во Венеција.

           Учеството на натпреварот во Шпанија,  делумно е помогнато од единствениот спонзор за ова патување – рудникот Бучим кој ќе обезбеди средства за авионските карти како и за уплата на котизацијата за учество.

         Јана и Мима Јованови во текот на оваа сезона ги очекуваат уште неколку големи предизвици на пијано натпревари во странство. Ние како редакција им посакуваме уште поголеми успеси и истовремено апелираме до сите јавни и приватни установи да изнајдат начин и средства за поддршка на нашите млади таленти.

 

 



 

 

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза