МАКЕДОНСКАТА ПЛАТФОРМА НА ЛЕВИЦА ГО ШТИТИ МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК

Денес е 5 мај – Ден на македонскиот јазик. На овој ден во 1945 година, Народната влада на Народна Република Македонија ја усвоила азбуката на македонскиот јазик како официјално писмо.

Левица во својата Изборна програма се залага за ПОСЕБНА ЗАШТИТА НА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК преку:

  • Посебен закон за задолжителна и проширена употреба на македонскиот јазик и негова институционална заштита преку зајакнати ингеренции на Инспекторатот за употреба на македонскиот јазик, на кодифицираниот литературен и стандарден македонскијазик, како и на неговите дијалекти;

– задолжително изучување на македонскиот јазик од страна на сите ученици од прво одделение;

– задолжително познавање на македонскиот јазик при стекнување државјанство;

– задолжителна примена при брендирањето и јавното рекламирање;

– задолжителна примена на сообраќајните знаци;

– задолжителна и единствена примена на таблите, печатите, штембилите и меморандумите на државните органи;

 

  • Повторно отворање на повеќето лекторати по македонски јазик на странските универзитети ширум светот, како отворање на нови;
  • Изработка на т.н. дигитален корпус на македонскиот јазик: соодветен дигитален речник, граматика, етимолошки речник, дијалектни речници и сл.;
  • Владино спонзорирани онлајн – часови по македонски јазик за децата на нашите иселеници во странство;
  • Задолжителен превод на македонски јазик на сета ТВ и радио програма која оди во етерот, а се емитува на друг јазик различен од македонскиот (од домашни или странски телевизии);
  • Владин откуп и ставање на слободно користење на над 100 кирилични фонтови за компјутерско пишување исклучиво на македонска кирилица – која се разликува од бугарската, српската и руската кирилица;
  • Задолжително и обврзно користење на кириличното писмо во сите натписи, имиња и логоа на државните органи, јавните институции, здруженијата и фирмите – со цел враќање на приматот на македонскиот јазик, како единствен службен јазик на целата територија на Републиката.

На овој ден од ПП Левица порачуваме:

,,Македонската платформа на Левица го штити македонскиот јазик!”



 




 





 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза