КОВАЧЕВСКИ: НИ ТРЕБА СИЛНА СДСМ ВО ПАРЛАМЕНТОТ, ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ВРАЌАЊЕ НА РЕЖИМСКОТО МИНАТО

„Само силна СДСМ во Парламентот може да спречи враќање на темното режимско минато кога ВМРО – ДПМНЕ 11 години авторитарно владееше со државата“, истакна претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, на митингот во Струмица.

„Во изминатите седум години, Владата предводена од СДСМ донела тешки, но значајни одлуки. Правевме и грешки, но факт е дека СДСМ е секогаш рамо до рамо со граѓаните и никогаш не сме се откажале од Македонија во која владеат принципите на солидарност, еднаквост и инклузивност“, рече Ковачевски.

„Кога се смени власта во градот Скопје и кога дојдоа ВМРО – ДПМНЕ со нивната градоначалничка, Скопје беше под сериозна закана да остане без парно среде зима. Преземавме конкретни чекори и Владата го надмина тој проблем. Кога се зголемија трошоците на живот во екот на економската криза, со брза и одлучна реакција, за полесно справување со кризата, успеавме да ги зголемиме и платите и пензиите и другите социјални трансфери. Тие одлуки не беа лесни, но ние не се откажавме.“

Ковачевски истакна дека доаѓањето на власт на ВМРО – ДПМНЕ, Мицкоски и Силјановска ќе значи враќање на режимското минато на Груевски и крај на ЕУ перспективата на државата.

 „Ја видовте изјавата на претседателот на Европскиот Совет, Шарл Мишел, кој јасно порача дека и ЕУ и земјите кандидати треба да бидат спремни за прием до 2030 година. Не слушајте што зборуваат од ВМРО – ДПМНЕ, дека проширување нема да се случи. Така зборуваа и за НАТО, па мораше СДСМ да дојде на власт, за да влеземе во НАТО. Така зборуваа и за почетокот на преговорите со ЕУ, па мораше СДСМ да дојде за да почнат преговорите. Ако тие дојдат до власт, во 2030 година ќе ги гледаме Црна Гора и други држави како седнуваат на столчињата во Брисел, а со ВМРО на власт, нашето повторно ќе остане празно“, порача Ковачевски.

Ги повика граѓаните на 8 мај да изберат европска иднина и масовно да ги поддржат СДСМ и Коалицијата и претседателскиот кандидат, Стево Пендаровски.

 

Линк до видео обраќање:  

 



 




 





 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза