ВО РАДОВИШ УАПСЕНИ ЛИЦА, ПРОНАЈДЕНИ УКРАДЕНИТЕ ПРЕДМЕТИ И ОДЗЕМЕНОТО ВОЗИЛО

На 07.02.2023 година во 18.00 часот во Радовиш полициски службеници од Полициската станица Радовиш го лишиле од слобода Е.Б. (20) од Радовиш.

Во извршениот службен разговор тој признал дека во текот на месец февруари, заедно со  М.Ш. (18) од Радовиш и уште едно малолетно лице од Штип, на подрачјето на Радовиш извршиле кривични дела „тешка кражба“ и „одземање на моторно возило“ .

На 09.02.2023 година во Полициска станица Радовиш бил повикан и М.Ш. (18) кој ги признал делата и ги предал предметите кои потекнуваат од извршените кривични дела, а исто така било пронајдено и одземеното моторно возило.

По целосно документирање против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

 

СВР Струмица

 

*фото Архива


Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови


Related Articles

Временска прогноза