Ракометниот клуб Радовиш започна со формирањето на тимот за натпреварувачката сезона 2026/27, потпишувајќи ги првите договори со ракометарите кои ќе го сочинуваат ростерот.

Клубот ја задржа довербата во дел од искусните играчи кои настапуваа и во изминатата сезона, а истовремено им даде можност и на неколку перспективни млади ракометари од сопствената младинска школа да бидат дел од сениорскиот состав.

Во сезоната 2026/27, РК Радовиш ќе се натпреварува во Првата ракометна лига на Македонија, со цел да изгради конкурентен тим кој ќе одговори на поставените амбиции и ќе биде достоен претставник на градот.

Од управата информираат дека во наредниот период ќе бидат претставени и нови засилувања, со што целосно ќе се комплетира играчкиот кадар. Воедно, наскоро ќе започнат подготовките за новата сезона и одигрувањето на контролни натпревари, преку кои стручниот штаб ќе ја темпира формата пред стартот на првенството.

Досега договори со клубот потпишаа:
🔹 Филип Костадинов – бек
🔹 Александар Ристов – голман
🔹 Иванче Ончев – бек
🔹 Стојанче Ристов – крило
🔹 Васе Петров – бек

🔹Илија Димов
🔹 Стефан Трајанов – бек (кадети)
🔹 Трајче Манасиев – пикер (кадети)
🔹 Стефан Велков – бек (кадети)
🔹 Александар Ѓоргиев – крило (кадети)

РК Радовиш најавува дека ова е само почеток на создавањето на тимот, а во следниот период јавноста ќе биде информирана и за останатите ракометари кои ќе го носат дресот на клубот во новата сезона.

 


 


© RadovisNews.mk, правата за текстот се на редакцијата на информативниот портал.

 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

 

 

error: Содржината е заштитена !!