ЗAПОЧНА ДИСТРИБУЦИЈАТА НА ДОВЕРЛИВИОТ ГЛАСАЧКИ МАТЕРИЈАЛ, УТРЕ ДИСТРИБУЦИЈА НА УРЕДИТЕ ЗА БИОМЕТРИСКА ИДЕНТИФИКАЦИЈА


Денеска рано утрово од печатницата „Киро Дандаро” во Битола, во присуство на претседателот, потпретседателката и членовите на Државната изборна комисија (ДИК) се извршило примопредавање на доверливиот гласачки материјал од печатницата и започна неговата дистрибуција до 80 – те општински изборни комисии, потврдија од ДИК.

– Дистрибуцијата се одвива во 17 однапред определени рути. Организационо сме подготвени, по тој тек ќе се одвива дистрибуцијата и ќе се заврши во текот на денешниот ден, потенцираат од ДИК.

Во текот на утрешниот ден, информираат од ДИК, ќе се изврши и дистрибуција на уредите за биометриска идентификација.

Инаку, за претседателските избори отпечатени се вкупно 1.814.317 ливчиња, колку што се евидентирани гласачи во Избирачкиот список.

 

 


 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза