ПРЕДИЗБОРНО СООЧУВАЊЕ НА ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ КАНДИДАТИ: ВЕТУВААТ ПОДОБРА ИДНИНА ЗА ДРЖАВАТА, СПРОТИВСТАВЕНИ СТАВОВИ ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ


Во предизборното соочување на Националниот сервис, претседателските кандидати ја претставија својата визија и програма, со која сите ветуваат подобра држава, спречување на корупцијата и запирање на иселувањето на младите. Во однос на промените во Уставот, изразија спротивставени ставови.

Претседателскиот кандидат на коалицијата предводена од СДСМ Стево Пендаровски вели дека ќе бара претседателот да има повеќе ингеренции.

 

Кандидатката за претседател на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска-Давкова вели дека на државата и недостасува единство без оглед на која било припадност, достоинствено однесување на највисоките носители на власта, добро здравство, добра социјална заштита.

На прашањето за нов Устав со нова Преамбула со почитување на правото на заедниците, Силјановска-Давкова вели дека треба да се направат темелни уставни промени.

 

Според кандидатот на ГРОМ и Коалицијата „Храбро за Македонија“ Стевчо Јакимовски, добриот политичар мисли на следните генерации.

 

Претседателскиот кандидат на ДУИ и Европскиот фронт Бујар Османи рече дека претседателот треба да има два квалитета – искуство и визија за иднина.

Во однос на барањето претседателот да се избира во Собрание со двотретинско мнозинсов, Османи рече дека сегашниот избор претставува дополнителна ескалација.

 

Според кандидатката на „Левица“ Билјана Ванковска, на општеството му треба радикална промена – од корен да се детектираат проблемите, а науката да ги даве сите алатки.

 

Кандидатот на коалицијата „Вреди“ Арбен Таравари потсети дека како градоначалник на Гостивар успеал да постигне добра кохезија меѓу сите етнички заеднициј.

Во однос на тоа албанскиот јазик да биде службен на цела територија, вели дека демографијата е ваква каква што е и дека мораме да живееме со неа.

 

Кандидатот на ЗНАМ- За наша Македонија, Максим Димитриевски, во однос на тоа што не треба да се промени, а што треба, кажа дека овој устав е напишан на 17 ноември 1991.

 


 

 

 

 


 

Преземањето содржини и фотографии од порталот RadovisNews.mk значи дека давате согласност на нaведените Услови

 

 

About the author /


Related Articles

Временска прогноза